8. Мобилна апликација, инсталирање и известувања

Во ова поглавје

← Содржина

8.1 Мобилна апликација

Работи на Android и iPhone со истата сметка како веб апликацијата. Јазикот: Профил → Јазик (македонски, англиски, албански). Тековната верзија е 1.4.0 — бројот на верзијата стои најдолу во страничното мени.

Најава

  1. Е-пошта, Лозинка → Најави се.
  2. Со вклучена двофакторна најава: Потврда во два чекора → шестцифрениот Код → Потврди.
  3. Без телефонот со апликацијата за кодови: Внеси резервен код (секој важи еднаш; се прикажува колку останале).

Двофакторната најава се вклучува на веб: Мој профил. По пет погрешни лозинки сметката се заклучува на 15 минути, дури и за точната лозинка.

Услови за користење

По првата најава (и кога условите ќе се сменат) се отвора прозорецот Услови за користење и приватност. Допрете Услови за користење и Политика за приватност за да ги прочитате, вклучете го прекинувачот Ги прочитав и ги прифаќам… и допрете Прифаќам. Друг избор е само Одјави се. Повеќе: Прифаќање на условите.

Станар: долни табови

Дома, Мои сметки, Пријави, Соопштенија, Профил. Апликацијата секогаш се отвора на Дома.

Странично мени на станарот (се гледаат само ставките за кои зградата има модул и вие имате право):

Управител: долни табови

Табла, Домаќинства, Приливи, Одржување, Профил. Табовите зависат од вашата улога во тимот — на пр. член без пристап до пари не го гледа Приливи.

Странично мени на управителот. Со повеќе згради менито има две групи: Фирма (сите згради заедно) и групата на тековната зграда (со нејзиното име). Со една зграда сè е под Управување.

Ставките се гледаат според модулите на зградата, вклучените функции и вашата улога во тимот.

Работа на фирмата од телефон

Детали за овие работи: Управител и Одржување.

Пари и комуникација од телефон (управител)

Скенирањето фактури и копчето Повеќе фактури се гледаат само ако е вклучено читањето фактури за фирмата. Деталната работа (ставки на сметката, извештаи, законски документи, подесувања, модули) се прави на веб.

Странично мени и менување зграда

Копче ☰ горе лево или лизгање од левиот раб: Итен случај (црвено), ставките по групи, Пробно известување, Одјава, верзија.

Со станови или згради на повеќе места, најгоре е СТАНБЕНА ЗАЕДНИЦА — допрете зграда и сè се менува за неа. Со многу згради: Барај зграда по име или адреса….

Итен случај на телефон

  1. Изберете една од шесте категории.
  2. Локација (по избор), Порака (по избор).
  3. Испрати: … → потврда Испрати итен сигнал?.

Активните аларми се најгоре со Решено; подолу Важни броеви, Управа на зградата, Сервисери за повик со еден допир. Правилата се во 7.16.

На Android итните аларми доаѓаат по посебен канал „Итни случаи“ — се појавуваат преку екранот и ѕвонат и на заклучен телефон. Обичните имаат канал „Известувања“. Во поставките на телефонот можете да ги стишите обичните, а алармите да ги оставите.

Известувања во апликацијата

Горе десно на секој таб е ѕвонче со бројот непрочитани (над 99 — „99+“). Допрете го за екранот Известувања: Сите / Непрочитани, Означи ги сите како прочитани; постарите се вчитуваат при лизгање надолу. Допир на известување го отвора соодветниот екран.

Допир на известување

И допир на push-порака (и кога апликацијата била затворена) го отвора соодветниот екран:

Ако за известувањето нема екран на телефон (на пр. огласна табла), апликацијата само се отвора.

Потврда на стан

Ако управител ве додал како станар: „Потврдете го станот…“ → Прифати, Одбиј — не сум јас или Подоцна.

Без интернет

Кога серверот не одговара, над долната лента се појавува: „Нема врска со серверот. Прикажано е последно вчитаното.“ Апликацијата сама проверува на секои 15 секунди и лентата исчезнува штом врската се врати; Обиди се проверува веднаш. Не сте одјавени.

Бришење на профилот

Профил → Избриши го профилот → Продолжи → Да, барам бришење. Барањето оди до управителот; одговор најдоцна за еден месец. Детали: Барање за бришење на профилот.

Читач на екран

Копчињата што имаат само икона (мени, ѕвонче, испрати, затвори, прикажи лозинка, повик…) имаат опис, па читачот на екранот (TalkBack, VoiceOver) кажува што прават, а не само „копче“.

Ажурирања

Има два вида:

Адреса на серверот

Ако пишува дека нема врска: Поставки за серверот → адреса (почнува со http:// или https://) → Зачувај и провери. Врати на стандардна ја враќа автоматската.


8.2 Веб апликацијата на почетен екран (PWA)

Се отвора на цел екран. Долг допир на иконата нуди кратенки: Мои сметки, Пријави дефект, Контролна табла. Без интернет се гледаат последно вчитаните податоци.

Важно: push известувања кога апликацијата е затворена стигнуваат само со мобилната апликација.


8.3 Известувања: кој канал што носи

Во апликацијата (ѕвончето со бројот непрочитани, и страницата Сите известувања) секогаш се гледаат сите известувања. Надвор од неа — Мој профил → Известувања:

КаналСтандардноШто носи
Е-поштавклученоСамо важното: сметки, уплати, седници, анкети, итни аларми. Пораките од соседи не.
Push на телефонвклученоИ кога апликацијата е затворена; бара мобилна апликација и дозвола за известувања. Ги носи и пораките од соседи.
Viber или SMSисклученоСамо итни аларми. Прво Viber, ако не стигне — SMS. Бара македонски мобилен број во профилот.
  1. Штиклирајте ги каналите → Зачувај.
  2. Пробно на телефон (или Пробно известување во мобилната апликација).
  3. Ако не стигне, се прикажува причината (на пр. „Известувањата се исклучени за оваа апликација.“) — одете во Поставки → Апликации → DomUpravitel → Известувања. Емулатор не прима push.

Совети