7. Заеднички модули (управител и станари)

Во ова поглавје

← Содржина

Екранот е ист за двете улоги, но секој гледа и прави различни работи. Ставката се појавува само ако модулот е вклучен за зградата; кај станарот може да ја скрие и админот на домаќинството.

Совет: кога менито на управителот е долго, внесете дел од името (на пр. „пратки“) во полето за пребарување над менито.

7.1 Соседска табла

Каде: управител — Заедница / Комуникација; станар — Соседи · Ставки: Огласна табла, Пазар на соседи, Соседска помош, Заедничка набавка, Библиотека на предмети (секоја е посебен модул)

СтавкаЗа штоПосебни полиња
Огласна таблаизвестувања, прашања, изгубено и најденоКатегорија
Пазар на соседипродажба, подарување, разменаЦена (МКД), Состојба (Ново / Како ново / Користено / Со трошење)
Соседска помошкој нуди, кој бараБарам помош / Нудам помош
Заедничка набавкагрупна нарачкаЦена по парче, Потребна количина, Рок за пријавување
Библиотека на предметипозајмување алат и опремаКатегорија, позајмување со период

Станар

Управител: ги гледа сите објави, може да уреди или избрише секоја, Закачи на врвот (ознака Закачена) и статус Скриена (станарите не ја гледаат).

Правила


7.2 Клучеви и кодови за гости

Каде: управител — Пристап → Клучеви и кодови; станар — Пристап → Клуч и кодови · Модул: Дигитален клуч / Пристап за гости

Управител

  1. Нов уред → Назив (на пр. „Влезна врата — влез А“), Вид (Влезна врата, Гаража, Рампа, Порта, Лифт, Сандаче, Друго), Локација, Уредот е во функција → Додади.
  2. Нов клуч → Домаќинство, Ознака (на пр. „Телефон на Марија“), Важи за (уред или Сите уреди) → Издај.
  3. Бројки: Активни уреди, Дигитални клучеви, Активни кодови, Одбиени влезови за 7 дена. Дневник на пристапи — сите влезови.

Станар

Правила


7.3 Пратки

Каде: управител — Пристап → Пратки; станар — Пристап → Мои пратки · Модул: Паметни сандачиња

Управител

  1. Заведи пратка → Домаќинство, Курир, Број за следење, Сандаче / полица, Големина (Мала / Средна / Голема), Забелешка → Заведи.
  2. Станарот веднаш добива известување со кодот за подигање.
  3. При предавање: Предај → Код од станарот (6 цифри) или Или кој ја подигна.
  4. Бројки: Чекаат подигање, Долго чекаат (над 5 дена), Подигнати, Вкупно.

Станар: табела со код и сандаче; по подигање Подигнав → Подигнав ја.

Правило: пратката не се предава без кодот; ако ја подигне друг, се запишува неговото име.


7.4 Виртуелен портир

Каде: управител — Пристап → Виртуелен портир; станар — Пристап → Портир · Модул: Виртуелен портир

Станар: Ново барање → Вид (Порака, Најава на гостин, Достава, Услуга), Наслов, за гостин/достава Кога го очекувате, Детали → Испрати. Откажи го барањето ако веќе не важи.

Управител: отворените први; бројки Отворени, Во тек, Решени, Претстојни најави. Барање → Одговор, Статус (Отворено, Во тек, Решено, Откажано) → Зачувај одговор.

Најавениот гостин влегува и во дневникот на пристапи.


7.5 Енергетска ефикасност (само управител)

Каде: Енергија и екологија → Енергетска ефикасност · Модул: Енергетска ефикасност

  1. Ново броило → Назив, Вид (Струја, Вода, Топлина, Гас), Мерка, Фабрички број, Локација, Домаќинство (ако е поединечно) (стандардно Заедничко броило).
  2. Ново отчитување (или Отчитај на броилото) → Броило, Датум на отчитување, Состојба.
  3. Историја — сите отчитувања на броилото.

Правила


7.6 Сензори и безбедност

Каде: управител — Енергија и екологија → Сензори и безбедност; станар — Зградата → Сензори (само преглед) · Модул: Сензори и безбедност

Управител

  1. Нов сензор → Вид сензор (Температура, Влажност, CO₂, Чад, Протекување, Движење, Бучава), Мерка, Назив, Ознака, Локација.
  2. Минимум и Максимум (кај чад и протекување — празно).
  3. Рачно: Отчитај → Вредност (или состојба кај чад/протекување).

Состојби: Во ред; Предупредување (над 90 % од горниот праг); Аларм (надвор од границите — управителот добива известување); Без сигнал (повеќе од 24 часа тишина).


7.7 Отпад и селекција

Каде: управител — Енергија и екологија → Управување со отпад; станар — Зградата → Отпад и селекција · Модул: Управување со отпад

Станар: Распоред на одвоз — вид, ден, час, каде се остава, и Следно: со датумот на следниот одвоз (сам се пресметува).

Управител

  1. Нов распоред → Вид отпад (Мешан, Хартија, Пластика, Стакло, Органски, Кабаст, Електронски), Време, Ден во неделата или Или ден во месецот, Кој одвезува, Каде се остава.
  2. По одвоз: Заведи одвоз → Вид отпад, Датум, Тежина (кг).
  3. Селектирано — удел на селектираниот отпад во вкупната тежина за 12 месеци.

Совет: за привремен прекин отштиклирајте Распоредот важи наместо да бришете.


7.8 Заедничка градина

Каде: Енергија и екологија / Зградата → Заедничка градина · Модул: Заедничка градина

Управител: Нова парцела → Ознака, Површина (m²), Локација, Доделена на, Засадено, Состојба (Слободна, Доделена, Во подготовка). Нова задача → Задача, Вид (Полевање, Садење, Одржување, Берба, Друго), Рок, Парцела (или Заеднички дел), Задолжено домаќинство (или Никој посебно).

Станар: Вашата парцела; Нова задача; Заврши.

Правило: задачата на заедничкиот дел ја затвора секој сосед; задолжената — само тоа домаќинство или управителот. Задачите со поминат рок се означени.


7.9 Здравје на зградата (само управител)

Каде: Енергија и екологија → Здравје на зградата · Модул: Здравје на зградата

Ништо не се внесува. Оцена 0–100 од шест показатели (тежина): Наплата (3), Одржување (3), Технички системи (3), Резервен фонд (2), Потрошувачка (2), Учество на станарите (1).

ОценаЗначење
85+Одлично
70–84Добро
50–69Задоволително
под 50Слабо

Прво средете го ова — показателот што најмногу ја влече оцената надолу. Показател чиј модул не е вклучен се прескокнува.


7.10 Мајстори од доверба

Каде: управител — Партнери; станар — Услуги → Мајстори од доверба · Модул: Надворешни сервиси

Станар

Управител: Нов сервис → Име на мајстор или фирма, Категорија, Што работи, Лице за контакт, Телефон, Почетна цена (ден.), Достапност, Икона (изберете од понудените), Проверен од управата. Барања за термин: Одговори → Статус (Потврдено, Завршено, Откажано), Порака до станарот. Предлозите ги објавува со статус Објавен.

Правило: просечната оцена се пресметува од оцените на соседите.


7.11 Попусти

Каде: управител — Партнери → Ексклузивни попусти; станар — Услуги → Попусти за станари · Модул: Ексклузивни попусти

Управител: Нов партнер → Трговец, Категорија, Попуст (%), Услови на понудата, Локација, Заеднички код (по избор), Важи од, Важи до, Икона (изберете од понудените). Бројки: Активни партнери, Подигнати купони, Пријавена заштеда.

Станар: Земи купон → личен код за на каса. По купувањето, во Моите купони: Искористив → Заштеда (ден.) → Потврди.

Правила: повторното подигање го враќа истиот код. Заштедата се собира за заедницата, без вашето име. Истечена понуда не се подига.


7.12 Осигурување

Каде: Партнери / Услуги → Осигурување · Модул: Осигурување

Правило: полисите што истекуваат во следните 45 дена се најгоре, во Полиси пред истек.


7.13 Паметен дом

Каде: Партнери / Услуги → Паметен дом · Модул: Паметен дом

Апликацијата сè уште не е поврзана со вистински уреди — ја води и прикажува заведената состојба.

Правила: соседот пали заедничко светло, но не го преименува. Заедничка брава отвора само управителот. Управителот не заведува уреди во туѓ стан.


7.14 Дневник на трошоци (само станар)

Каде: Дневник на трошоци · Модул: Дневник на трошоци

  1. Нов трошок → Што е трошокот, Категорија (Кирија, Комуналии, Интернет, Храна, Одржување, Друго), Износ (ден.), Датум, Се повторува секој месец.
  2. Дневникот ги спојува вашите записи со задолжувањата од зградата (тие само се читаат).
  3. Споредба по месеци (6 месеци) и Каде одат парите.

Приватност: дневникот е личен — ни управителот не ги гледа записите.


7.15 Чат

Каде: управител — Комуникација → Чат со станарите; станар — Соседи → Чат со соседите · Модул: Чат меѓу станарите

Правила: чатот е врзан за зградата (станар во две згради има две соби). Известување само за приватна порака.

Чат на тимот (во менито на управителот) е посебен чат само за луѓето од фирмата. Станарите не го гледаат. Опишан е во поглавје 9.

Совет: постоечка Viber/Telegram/WhatsApp група се внесува во Подесувања → Групи на заедницата.


7.16 Итни случаи (SOS)

Каде: Итни случаи (двете улоги); во мобилната апликација и црвено копче Итен случај во страничното мени · Модул: Итни аларми

Апликацијата НЕ ги повикува службите. Прво јавете се на 192 (Полиција), 193 (Противпожарна), 194 (Брза помош) или 112 — броевите се на врвот на екранот, со еден допир. Алармот паралелно ги известува соседите и управата.

Подигање аларм

  1. Подигни аларм.
  2. Што се случува: Заглавен во лифт, Пожар, Поплава, Безбедност, Медицинска помош, Итен случај (друго).
  3. Каде, Кратко објаснување (по желба).
  4. Испрати аларм — се гледа колку луѓе се известени.

Затворање: Затвори аларм → Исход (Решено / Лажна тревога), Што се случи. Сите ја гледаат пораката.

Правила