Наплата без тетратка
Месечните сметки се генерираат со едно копче. Уплатите автоматски се распоредуваат на најстарите долгови, а преплатата останува како кредит.
Автоматизирајте ги сметките, водете го резервниот фонд, следете ги дефектите и дајте им на станарите јасен преглед — сè на едно место, на македонски.
Наплатено овој месец
128.400 МКД
Резервен фонд
640.200 МКД
+18.000 овој месец
Отворени пријави
Јадрото го добива секој профил. Останатото го вклучувате по потреба — плаќате само за тоа што го користите.
Месечните сметки се генерираат со едно копче. Уплатите автоматски се распоредуваат на најстарите долгови, а преплатата останува како кредит.
Собраното и потрошеното се водат одвоено. Трошок од фондот не може да го надмине салдото — системот нема да го дозволи.
Станарот пријавува со слика од телефон, вие доделувате сервисер и следите статус. Целата преписка останува во пријавата.
Анкети и гласања со следење на излезност. Резултатите се гледаат во реално време, без собирање потписи по врати.
Наплата по период, трошоци по категорија, список на должници со денови доцнење. Печатење и извоз во CSV.
Android и iOS, плус верзија во прелистувач. Станарот ги гледа своите сметки, плаќа и пријавува дефект од телефон.
Секој профил добива само она што го побарал. Модул може да се додаде или отповика во секое време, и да се вклучи различно за секоја зграда.
Се вчитуваат…
Без скриени трошоци. Цената зависи од бројот на згради и единици, и од модулите што ги користите.
Се вчитуваат…
Не се пронаоѓате во ниту еден пакет? Напишете ни и ќе состaвиме понуда според вашите згради.
Пополнете го формуларот и ќе ве контактираме за да го отвориме профилот со модулите и бројот на згради што ви требаат. Пробниот период е 30 дена, без обврска.
Веќе имате профил?
Најавете се на апликацијата. Ако сте станар, вашиот управител ви го отвора пристапот.